-->

Конечно сите телефони со универзален полнач!

Овогодинешниот GSM Mobile World Congress не бил наменет само за претставување на нови уреди и разни додатоци за мобилната технологија, туки и за претставување на нови соработки и договори. Покрај морето од новитети избравме една вест која веруваме ќе ги израдува сите сопственици на мобилни телефони.

Имено, произведувачите LG, Motorola, Nokia, Qualcomm, Samsung, Sony Ericsson, односно телеком операторите 3 Group, AT&T, KTF, Mobilkom Austria, Orange, Telecom Italia, Telefónica, Telenor, Telstra, T-Mobile и Vodafon на самитот MWC се договориле да превземат иницијатива за стандардизирање на полначите за различни мобилни уреди. Како заеднички стандард договорено било да се користи Micro USB.

Според најавите, првите полначи и уреди кои ќе се полнат исклучиво на овој начин светлото на денот би требало да го видат уште оваа година, а додека за целосната транзиција на новиот стандард ќе треба да се почека до 2012 година.

 

Copyright © 2009 selotejp.com