-->

Синди Крафорд, некогаш и сега

Поранешниот супермодел Синди Крафорд, денес го прослави својот 43 роденден. Манекенката која се има појавено на најмногу насловни страни во историјата изгледа одлично. Еве неколку фотографии чисто да се потсетите на една од најубавите манекенки на сите времиња.



Поранешниот супермодел Синди Крафорд денес го прославува својот 43 роденден. Манекенката се има појавено на најмногу насловни страни во историјата, а зад себе го има бракот со Ричард Греј.

Нејзиниот втор брак беше многу поуспешен. Затоа што Синди во бракот со Ренди Гербер има две дечиња. 10 годишниот Пресли и 8 годишната Киа.

Синди која денес го прославува 43 роденден изгледа беспрекорни, што и го покажа на едиторијалот кој го сними за Vogue.



Нејзиниот заштитен знак беше бемката над усните која одби да ја отстрани и која и донесе милиони долари. Освен тоа, таа позираше за Playboy, се појави во клтниот спот на Џорџ Мајкл ’Freedom’, а според анкетата на VH1, таа е прогласена за трета најубава манекенка во деведесеттите.

И да, пред да стане манекенка, Синди ја доби целосната стипендија за студии по хемиска технологија.

Модниот дизајнер Мајкл Корс изјавил: Синди засекогаш ја промени перцепцијата за американските секси девојки, од класични, синоооки блондинки до префинети бринети со мозок шарм и професионалност.


















































 

Copyright © 2009 selotejp.com