-->

Ќар од глупост


Минатата недела во САД се доделени наградите за најбизарни судски процеси. Годишните награди Стела го добиле името според Стела Либек од Албакерки, која го добила спорот против Мекдоналдс во 1992 година.

Имено, ресторанот за брза храна и исплатил 2,86 милиони долари бидејќи се изгорела од жешкото кафе!

Меѓу годинашните “лауреати“ е случајот на адвокатот од Вашингтон, кој ја тужел фирмата за хемиско чистење поради изгубените пантолони и барал отштета од 65 милиони долари поради “душевната болка, непријатноста и вознемиреноста“, но и случајот на крадецот кој добил половина милион долари отшета од осигурителната компанија бидејќи во текот на кражбата останал заробен во куќата.

Меѓу најбизарните се нашла и жената која на своето момче му го истурила пијалокот во текот на кавгата, а кога тргнала да го напушти ресторанот, се лизнала на сопствениот пијалок истурен на подот и “заработила“ отштета од 113.500 долари.

Еден од неверојатните случаи е и за момчето од Лос Ангелес, кое заработило 75 илјади долари и платени медицински трошоци откако соседот со автомобил му преминал преку раката додека “оштетениот“ му ги крадел раткапните.

Госпоѓата Мерв Гразински, пак, го тужела производителот на кампери Винебаго и барала отштета од 1,75 милиони долари, со објаснување - додека Мерв си приготвувала сендвич, нејзината куќа на тркала се превртела при брзина од 110 километри на час.

Нејзиниот аргумент на судењето бил дека компанијата не ја информирала оти не смее во текот на возењето да ги напушти контролите за управување на возилото.

 

Copyright © 2009 selotejp.com