Пиерлуиџи Колина, сегашен шеф на судиската комисија во првата и втората италијанска фудбалска лија и некогаш најдобриот судија во светот, го поддржа Мишел Платини во идејата за воведување на нов вид на картон. Првиот човек на UEFA неодамна предложи воведување на картон во портокалова боја во фудбалот. "Портокаловиот картон би претставувал јавна опомена за играчот и би означувал прекршок кој е преблаг за директно исклучување и преостар за да се означи со жолт картон" - објаснува Колина. Колина вели дека е подготвен да го прифати и спроведе предлогот на Платини на дело. Први кои би го го прифатиле портокаловиот картон се Италијанците. Пиерлуиџи Колина ја поддржува и иницијативата за воведување на уште еден судија на теренот, а со овие промени верува дека Италија би го претекнала останатиот фудбалски свет. "Многу судии веќе го имат испробано таквиот начин на судење и ме уверуваат дека предлогот е достоен за да се спроведе во пракса. Верувам дека Италијанците се првите кои ќе настапат со четврти судија на теренот" - заврши Колина. |
Колина ја поддржа идејата за портокалов картон
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)