-->

Јапонскиот извоз во јануари драстично намален


Јапонскиот извоз во јануари „заринка“ за повеќе од 45 отсто во однос на истиот период од минатата година, постигнувајќи го најнискиот рекорд, покажуваат најновите официјални податоци, пренесува Би Би Си.

Јапонската трговија претходниот месец покажа дефицит од 952,6 милијарди долари (9,9 милијарди долари), најголем од 1979 година.

Побарувачката по јапонски автомобили во посочениот период забележа пад од 69 отсто.

Побарувачката за електрични апарати и други намирници,исто така, се намалени како резултат на рецесијата на глобалните економии и откажувањњето на потрошувачките договори, туркајќи ја Јапонија во подлабока рецесија.

Јапонскиот извоз за САД, која е во центарот на својата криза, во јануари се „лизна“ за приближно 53 отсто додека испораките за Европската унија се намалени за 47 отсто, соопшти јапонското Министерство за финансии.

Владата минатата недела соопшти дека јапонската економија се наоѓа во најголената криза по Втората светска војна, откако нејзините договори се повлечени за 12,7 отсто во последниот квартал од 2008 година, пренесува БИ Би Си.

Ова се најлошите перформанси во последните речиси 35 години, наведуваат официјалните претставници на Владата.

 

Copyright © 2009 selotejp.com