-->

Најголемите фудбалски мисли


Топката е тркалезна, се игра додека судијата не означи крај, ако постигневме гол сигурно ќе победевме... Кој вели дека во фудбалот нема ум? Ок, ако нема лапсуси, нема и така слатко да се насмееме. Бујрум!

Фудбалските работници (клише фраза од коментаторите на една телевизија која секогаш се буни кога ќе изгуби Силекс) се непресушен извор на ’бисери на мудроста’. Ги има илјадници, од кои издвоивме десетина. Уживајте!

„Речете му дека е Пеле и вратете го во игра“ – Џон Лемби, менаџер на шкотскиот клуб Патрик Тистл, откако разбрал од лекарите дека неговиот напаѓач Колин Мекглашан претрпел толку тежок удар што не знае како се вика.

„Не исплескаа по газ. Сега треба да ги излижеме раните“ – Стив Брус.


Бигронизми

„Никогаш не ги коментирам судиите и нема да ја менувам својата навика заради тој кретен“ - Рон Еткинсон (на сликата), поранешен англиски фудбалер и менаџер, познат по своите бисери кои се наречени „Бигронизми“.

„Нема да кажам дека Давид Жинола е најдобро лево крило во лигата, но дека од него нема подобар – нема“- Рон Еткинсон.

„Ќе си дозволам да го прогнозирам овој натпревар, мислам дека секој исход е возможен“- Рон Еткинсон.

„Првите 90 минути од мечот воедно се и најважните минути“ - сер Боби Робсон.

„Би ја дал десната рака да можев да бидам пијанист“ - сер Боби Робсон.

„Верувам дека конечно се наѕира морков на крајот на тунелот“ - Стјуарт Пирс.

Математика, статистика и слични чудесии

„Бевме подобри 99% од натпреварот. Останатите три посто не чинеа пораз“ – Руд Гулит.

„Сезонава заработив 14 жолти картони. Во ред, осумте ги заслужив, меѓутоа за преостанатите седум треба да се дискутира“ – Пол Гаскоњ.

„Од девет црвени картони, со колку што бевме казнети сезонава, заслуживме само половина“ – Арсен Венгер.

„Селтик во еден момент имаше 9 бодови предност. Но, нешто тргна на лошо и бродот застрани од шините“ – Ричард Парк.


„Па, можам да играм во средина, на десната страна, а повремено можам да играм и на левата страна ако треба“ – одговорот на Дејвид Бекам на прашањето дали бил непостојан на тој натпревар.

„Баш ми е гајле и ако ги изгубиме сите шанси. Најважно е на крајот да го освоиме првенството“ – Марк Видука.

„Пред некој ден гледав пренос од натпреварот на Блекбурн и го видов Џорџ Ндах како дава гол во првата минута. Во истиот момент му се јавив на мобилен да му честитам. Не се јави!“ – Аде Акинбију, англиски фудбалер од нигериско потекло.

Оригинален мотиватор

Токму на моите момци му објаснував колку ни значи тој натпревар. Победата носи заработувачка, а парите нови играчи“ – Крис Тарнер, менаџер на Петерборо, пред четвртфиналниот двобој од Лига купот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com