Арнолд Шварценегер, кој ја замрзна актерската кариера додека е на позицијата гувернер на Калифорнија, ќе се врати на големото платно во филмот на Силвестер Сталоне, "The Expendables".
Арнолд Шварценегер нема снимено ниту еден филм од 2003 година, кога учествуваше во акционата комедија "Пат околу светот за 80 дена", а во акциониот филм на режисерот и сценарист Сталоне, ќе се глуми себеси и тоа за многу краток период.
Во филмот "The Expendables", за тим на воени платеници пратени во Јужна Америка со мисија за симнување од власта на еден диктатор, ќе глумат и Бен Кингсли, Ерик Робертс, Мики Рурк, Џејсон Статхам, и Форест Витакер.
Снимањето на филмот започнува во март.