Една нова научна студија фрла сомнеж на вообичаеното верување дека пушењето помага во одржувањето на витката линија кај луѓето.
Поконкретно, научниците открија дека адолесцентите кои пушат многу имаат поголема веројатност дека ќе патат од вишок на килограми во повозрасниот период од животот.
Меѓу другите сознанија, се покажа дека адолесцентите кои дневно пушат барем 10 цигари (на возраст меѓу 16 и 18 години) имаат поголема веројатност дека ќе "соберат" вишок на килограми во пределот на стомакот.
Овие помалку изненадувачки резултати авторите на студијата ги толкуваат со промените во метаболизмот кои настануваат поради пушењето, но и со лошите прехрамбени навики на пушачите.