-->

Војската на Шри Ланка извршила масакр врз цивилите во воената зона

Шри Ланка, 21 февруари, (Нетпрес) - Меѓународната невладина организација за заштита на човековите права “Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) денеска ја обвинила војската на Шри Ланка за убивање на цивили во артилериски напади на североисток на земјата.

ХРВ ја повикала владата да ги прекине артилериските напади врз цивилите, а владата негирала дека отворила оган на цивили.

Меѓународната организација за заштита на човековите права навела дека напишала извештај на 45 страници од двонеделната мисија во северот на Шри Ланка. Во извештајот е наведено дека “независни посматрачи“ изјавиле дека околу 2.000 цивили се убиени, а 5.000 се ранети во текот на минатиот месец.

ХРВ, исто така, ги обвиниле тамилските тигри за “зголемена бруталност“ спрема цивилите во воената зона. Политичкиот шеф на тамилските тигри Б. Надсен ги отфрлил обвинувањата како пропаганда.

“Има околу 300.000 луѓе кои сакаат да остант со нас, бидејќи се убедени дека ние ги чуваме“, рекол Надсен.

Новинарите не можат да патуваат во зоната на судирите така да нивните тврдења не можат да бидат точни. Околу 50.000 војници ги потиснуваат тамилските тигри во џунглата, бидејќи ги заземавме клучните подрачја кои беа под нивна контрола.

 

Copyright © 2009 selotejp.com