-->

Автобус паднал врз покривот на неговиот автомобил и го убил на лице место

Сведоците тврдат дека автобусот влетал во погрешна насока и ’летнал во воздух’, го удрил автомобилот и завршил на 40 метри од него.



Празен автобус на патот од Броадстоун за Даблин во Ирска, удрил во оградата, се превртел, и паднал врз покривот на Toyota Land Cruiser, во понеделникот наутро. Возачот од автомобилот Кетхал Олере (37) загинал на лице место, а неговиот сопатник во последен момент успеал да излезе од автомобилот само со полесни повреди на рацете, и во огромен шок.

Возачот на автомобилот бил на пат кон работа, и тој излегол од неговиот дом само неколку минути пред несреќата. Возачот на автобусот (30), од Романија, имал повреди на грбот. Сведоците велат дека автобусот ’шетал’ по улицата, и влегол во погрешна насока пред да ’летне во воздух’, потоа удрил во автомобилот и влегол во полето, на 40 метри од автомобилот. Но, компанијата Eireann тврди дека возачот по тој пат вози секој ден, дека е искусен, и автобусот ги поминал сите технички тестови. Компанијата за превоз најавила дека тие самите ќе започнат истрага за несреќата.





 

Copyright © 2009 selotejp.com