-->

Стручна истрага за Кингерот може да донесе нови моменти

Не само за полицијата туку и за експертите и правниците возможно е и по пет години од несреќата да се пронајдат докази.

Измина долг период но, доколку се спроведе стручна истрага постои веројатност да се добијат нови докази како и зошто се сруши владиниот Кингер. Поранешниот јавен обвинител Ставре Џиков посочува дека треба подетална истрага од она што тогаш го спроведоа босанските власти за да се дојде до резултат. Да се започне од почеток за да се открие вистината.

Кирил Каевски е пилот кој 15 години управувал со истиот Кингер кој на 26 февруари 2004 се сруши во близина на Мостар. Од неговото искуство заклучува дека авионот бил во добра состојба, а негова желба било со истиот да замине во пензија. И Каевски посочува истрагата овој пат детално, а не површински да провери што се случувало, ако веќе истата се отвора. Најлесно е вели да се обвини пилотот.

Џиков и Каевски и посакуваат среќа на комисијата која работи на новата анализа. Двајцата се надеваат дека ќе откријат нови детали кои ќе му помогнат на Јавното обвинителство да го отвори случајот во земјава. Не сакаат да веруваат дека годишнината од несреќата е причина за секоја година два дена да се активира прашањето на кое подоцна сите забораваат.

 

Copyright © 2009 selotejp.com