-->

Видео: Ливерпул славеше среде Мадрид


Ливерпул успеа да триумфира на Сантјаго Бернабе, а Баерн му пукна на Спортинг петарда. Виљареал за малку не се посрамоти, Јувентус ќе мора да брка негатива од еден гол во Торино.

Мадридскиот двобој на великаните одлучен е дури во 82 минута кога Јоси Бенајун по нафрлувањето на Аурелио со глава го совлада Икер Касиљас.

Реал се обиде во текот на целиот меч да ја контролира играта и да форсира офанзивен фудбал, но стратегот специјализиран за најсилното натпреварување, Рафа Бенитез едноставно не дозволи таквите обиди да имаат ефект.

Поранешниот тренер на Челзи, Клаудио Раниери на чело на Јуве стигна на Стемфорд Бриџ каде помина четири години, а иако домашните навивачи топло го дочекаа, играчите немаа таква намера, па ја испратија Старата дама со седми пораз во низа на гостински терен во нокаут фазата од ова натпреварување.


Крвник на Јувентус беше Дидие Дрогба кој со голот на 12 минута го круниса својот 50 настап во ЛШ.

Баерн на гостувањето кај Спортинг пристигна наоружан со статистика која вели дека баварскиот клуб против португалските клубови во 20 средби изгубил само еднаш (од Порто во сезоната 1986/87), а и овој пат не ги разочара своите навивачи.


Виљареал за малку ќе се посрамотеше откако среде Ел Мадригал Грците поведоа во 59 минута со голот на Карагунис од дваесетина метри. Сепак, за неизвесен реванш се потруди Џузепе Роси од пенал, само осум минути подоцна.

Инаку, Карагунис во 32 минута изведе слободен удар, а иако голманот на домаќините влезе со топката в гол, судиите не го признаа.

 

Copyright © 2009 selotejp.com