-->

’Силна сум и добро се опоравувам’


На својот 21 роденден, кој скромно го прослави во петокот, претепаната пејачка се огласи со кратко соопштение.

„На барање на полициските власти, нема да коментирам ништо за инцидентот кој го вклучува Крис Браун и мене“, стои во уводот на текстот кој менаџментот на Ријана го проследи до новинарите.

„Ги уверувам своите обожаватели дека и понатаму ќе бидам силна, добро закрепнувам и чувствувам длабока благодарност кон сите оние кои ми пружија поддршка во овие тешки денови“, гласи другиот дел од нејзиното обраќање до јавноста.

Во меѓувреме фотографијата од нејзиното претепано лице го заобиколи целиот свет.

„Не сфаќам како полициските службеници можат да бидат толку невнимателни“, NY Daily News ја пренесува изјавата на таткото на Ријана, Роналд Фенти кој e бесен заради ’протекувањето’ на податоци од доверливо полициско досие.

Пејачката која се прослави со хитот Umbrella со денови се криеше кај нејзиното семејство на Барбадос, но минатата недела е видена во Лос Анџелес. Интересно е дека и после објавената фотографија од нејзиниот претепано лице, полицијата се уште официјално не потврди дека Крис Браун ја нападнал Ријана.

 

Copyright © 2009 selotejp.com