Најновиот, редовен годишен извештај на Стејт департментот за состојбата со човековите права наведува дека минатата година на стотици милиони луѓе ширум светот им биле ускратени основните слободи од страна на нивните нивните влади.
На церемонијата на објавување на извештајот, американската државна секретарка Хилари Клинтон кажа дека САД се определени да се придржуваат до сопствените идеали за човекови права. Промоцијата на човековите права е суштинска за американската надворешна политика, рече Клинтон.
Американската влада, јави Гласот на Америка на макеоднски јазик, во извештајот наведува дека голем број земји наметнале рестриктивни и репресивни закони против невладините организации и медиумите, наведувајќи ги Кина, Русија, Киргистан и Казакстан во тој контекст. Човековите права и демократскиот развој во Африка најповеќе биле загрозени во Зимбабве, Гвинеја и Мавританија. Стејт департментот изразува загриженост за изборите во Ерменија и Русија, како и за натамошните затворања на политички и општествени активисти во Египет, Иран, Либија и Сирија. Обиди за подобрување на ситуацијата, пак, САД забележале во Колумбија, Чиле и Аргентина.
Во делот за Македонија се вели дека владата генерално ги почитува човековите права на нејзините граѓани, иако има проблеми во некои области. Стејт департментот ги лоцира во правните и полициски процедури, вклучувајќи ги тука и приведувањата за криминални дела. Американската влада оценува дека во Македонија и натаму се одолговлекува со судските реформи, како и дека политичкиот притисок и заплашувањата негативно влијаат врз ефикасноста на судството. Жестоката критика од владата за медиумското известување што го смета за „непатриотско“ негативно влијаела врз слободата на печатот, стои во извештајот.
Стејт департментот оценува и дека напнатоста меѓу македонското и албанското население продолжува да влијае во разни области – како образованието, вработувањето и политичкото учество.
Што се однесува до македонското малцинство во соседните земји, во извештајот за Грција стои дека грчката влада „не признава постоење на словенски дијалект, наречен жмакедонскиж од страна на лицата кои го говорат во северозападниот дел од земјата. Мал број на лица кои говорат на словенски инсистираат да се самоидентификуваат како жМакедонциж, термин што наидува на жестоко противење од страна на другите Грци“.
Американската влада го наведува тврдењето на овие лица дека грчката влада спроведува политика чија цел е да ги обесхрабри да го користат сопствениот јазик. Според Стејт департментот, владата во Атина и судовите го отфрлаат барањето на словенски групи да се идентификуваат како Македонци, со образложение дека околу 2,2 милиони етнички и лингвистички грчки граѓани исто така го користат терминот за нивно идентификување.
Во извештајот за Бугарија, под одделот „слобода на здружување“, се наведуваат проблемите со регистрирањето на ОМО Илинден.