-->

Не наседнувајте на Валентајн

Секој различно го доживува Валентајн - за некои не значи ништо, некои го чекаат со нетрпение, а за спамерите овој ден е одлична прилика за нови измами.

Како и секоја година и оваа очекувајте пораки и честитки од тајни обожавател(к)и, кои сакаат да ви покажат колку ве сакаат. Вие само треба да кликнете на линкот кој тие ви го испратиле.

А кликот на тој линк најчесто води до страници заразени со малициозен код, кој започнува преземање на "штетници" на вашиот компјутер. Имајте во предвид дека овој период е погоден за сите оние кои "ви мислат добро" и се грижат за тоа дали сакате да го задоволите вашиот партнер, па ќе ви понудат многу повеќе сини пилули од вообичаено.

Од сигурносните компании предупредуваат дека оваа година највеќе спам пораки поврзани со Валентајн водат кон страници инфицирани со тројанецот Waledac, а мејловите кои би можеле да ги добиете се најчесто со наслов "Deeply in love with you", "I Knew I Loved You" и "I Love Being In Love With You".

Иако на сите ни е познатно дека љубовните писма од непознати луѓе никогаш не носат нешто добро, секогаш се наоѓа по некој љубопитен чиј компјутер ќе настрада. Затоа уште еднаш - внимавајте кои мејлови ги отварате и на кои линкови кликате.

 

Copyright © 2009 selotejp.com