-->

Некогашните вработени во Типо протестираа пред Владата

Некогашните вработени од АД ТИПО денеска протестираа пред Владата на Република Македонија барајќи да се реши нивниот проблем со, како што велат, криминалната приватизација на фирмата. Тие бараат да се разреши и судијата кој го води нивниот случај, како и стечајниот управник.


Нивни претставници беа примени од вицепремиерот за економски прашања Зоран Ставрески на кого му го изложиле проблемот. Тие излегоа задоволни од средбата и очекуваат нова средба повторно за 20-тина дена.

- Имавме получасовен разговор. Бевме добро прифатени. Тој ги прифати сите наши барања. За 20-тина дена ќе чекаме одговор. Во однос на судиите и стечајните управници ќе се покрене постапката, кривичните пријави ќе се активираат и за 20-тина дена очекуваме повторна средба. Оваа Влада има сенс, сака да помогне и да го реши проблемот, изјави по средбата Снежана Тасевска, доверител во АД ТИПО.

Вработените тврдат дека имаат околу осум години неплатен стаж, заостанати 15-16 плати и оти веќе пет години фирмата е под стечај.

 

Copyright © 2009 selotejp.com