-->

Погледнете ја тепачката на натпреварот Хајдук - Динамо


И покрај бројните повици на Торцида, главните луѓе на хрватскиот фудбал и медиумите сите да се потрудат дербито помеѓу Хајдук и Динамо да пројде без инциденти, очигледно тоа било невозможно.

Иако се упатувало на тоа дека дербито би можело да пројде во сјаен навивачки дух, заради тоа што во текот на денот не биле забележани поголеми инциденти, а и Торцида со конфети направила бразилска атмосфера, но сето тоа за жал не се случило.

Хулиганите со шалови на динамо уште пред почетокот на натпреварот започнале да ги палат столовите на југозападната трибина на стадионот, а кога не им дозволиле на пожарникарите да го изгасат огнот, помеѓу нив влетала полицијата и настанала општа тепачка. Конечниот епилог е седум приведени, а во полицијата не знаеја дали имало повредени.




 

Copyright © 2009 selotejp.com