-->

Најбрзата едрилица на светот

Што е финтата со Французите и брзината? Ги имаат најбрзите возови, добри возачи во рели, а сега ја имаат и најбрзата едрилица.

Hydoptere е направен само со една цел - да стане најбрзата едрилица на светот. Има главна палуба и два помошни од страните, долг е 20 метри и без проблем постигнува брзина поголема од 90км/ч, а рекордната брзина која ја постигнал изнесува 50 чворови или 94 км/ч.

Бродот е граден така што со контрукцијата повеќе потсетува на авион. При малку посилен ветер целиот брод се издигнува над површината на водата, па изгледа како да лебди над неа.

Погледнете како лудо и забавно изгледа во реалноста:

 

Copyright © 2009 selotejp.com