-->

Најдолгите нокти на светот, скршени во сообраќајна несреќа

Ле Редмонд, од Солт Лејк Сити, чие име е забележано во Гинисовата книга на рекорди во категоријата сопственичка на најдолгите нокти на светот, доживеала автомобилска несреќа во која ги скршила долго негуваните и чувани нокти.



Ли Редмонд, како што пренесуваат медиумите, не ги исекла ноктите од 1979 година. Според информацијата објавена во Гинисовата интернет страна, вкупната должина на нејзините нокти минатата година изнесувала 8.5 метри.

Најдолгиот нокот бил на палецот на десната рака – 65 см. Шерифот на округот Солт Лејк Сити, Дон Хјустон, за новинарите изјавил дека Редмонд имала автомобилска несреќа, во која е тешко повредена, но е надвор од животна опасност.

 

Copyright © 2009 selotejp.com