-->

Женско злопамтило

Жените се помалку толерантни една кон друга отколку кон припадниците на посилниот пол, се тврди во најновата студија, чии резултати објаснуваат зошто жените преферираат да имаат маж како свој шеф.

Истражувањето објавено во американскиот "Cyclological Science" открива дека припадничките на поубавиот пол формираат негативна слика за другите жени многу полесно отколку што мажите го прават истото меѓу себе.

Тим на научници од Бостон побарал од машките и женските студенти да ги оценат своите цимери во различно поставени ситуации. На прашањето како би се поставиле према своите цимери доколку тие би направиле нешто лошо, откако пред тоа брзрезервно им се верувало, студентките биле далеку покритични кон своите колешки. Од друга страна, машките биле многу толерантни.

Научниците заклучиле дека жените се поостри во меѓусебните односи, бидејќи очекуваат повеќе од припадничките на истиот пол, за разлика од мажите.

"Жените едноставно ги мерат негативните информации многу повеќе отколку мажите, бидејќи негативните информации ја нарушуваат воспоставената приватност, која има посилна улога во односите помеѓу жените", е заклучокот на студијата.

Иако истражувањето не ги опфатило машко-женските односи на работното место, тоа ги поддржува претходните студии кои покажаа дека жените повеќе би сакале да работат за мажи отколку за припаднички на нивниот пол.

 

Copyright © 2009 selotejp.com