Заменикот претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Ивица Боцевски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Париз, соопшти Секретаријатот за европски прашања.
Вицепремиерот Боцевски денеска ќе има работен состанок со Бруно Ле Мер, државен секретар на Франција задолжен за европски прашања.
Во рамки на посетата Боцевски утре ќе се сретне со Ерик Бесон, министер за имиграција, интеграција, национален идентитет и солидарност.
Средбите ќе бидат искористени за претставување на приоритетите на Владата на Република Македонија во однос на европската агенда, подготовката за престојните локални и претседателски избори, подготвеноста на земјата за користењето на ИПА фондовите, како и за визната либерализација.