-->

Мал чип, по мерка на "големиот брат"

GPS е супер алатка за навигација и пронаоѓање на патеки во локалната прашума, но кога ќе видиме минијатурни чипови како овој, сериозно се подзамислуваме.

Дали знаевте дека GPS функционира благодарејќи на сателитите во сопственост на американската армија? Алтернативата на GPS е рускиот GLONASS, кој сеуште не е потполно функционален, и европскиот Gallileo кој ќе проработи околу 2013 година. Забележувате дека сите овие системи се во сопстеност на големите сили?

А сега погледнете какво прекрасно изненадување не чека од работилницата на Epson. Станува збор за нов GPS чип со димензии 2,9х2,8 милиметри. Epson се фали и со подобрената сензитивност на овој чип, па сега може да не лоцира и во затворен простор. Од технички аспект, сево ова е убаво и покажува напредок, но нам барем не ни се допаѓа.

Можеби сме параноични и веруваме во теориите на завери, но не би не зачудило доколку вакви слични чипови во иднината започнат да бидат вградувани во луѓето наместо во документите за лична идентификација. Што ќе се случи тогаш? Кажете и збогум на слободата и анонимноста...некој во секој момент ќе знае каде сте и што правите.

 

Copyright © 2009 selotejp.com