И покрај сите настојувања и помалку екстремните мерки кои ги повлече таборот на ирските музичари за да го заштитат од пиратерија, најновиот албум на групата U2 се појави на интернет, седум дена пред официјалното пуштање во продажба.
Откако минатото лето на интернет се појавија четири песни од новиот, дванаесетти по ред албум на ирската рок-четворка наречен "No Line on the Horizon", музичарите одлучија да превземат значајни чекори како би го заштитиле останатиот дел од материјалот од истата судбина.
Бендот одлучи дека на новинарите нема да им праќа примероци од новиот албум за рецензии, туку организираше затворени преслушувања на кои на новинарите им беа забранети поседувањата на било какви уреди за снимање на звук, па дури и мобилни телефони.
Mission: Fail за U2. "No Line on the Horizon" веќе неколку денови се дели по торент мрежите и тоа во CD квалитет, а се зборува дека одредени примероци се појавиле и на LimeWire сервисот.
Официјалната презентација и пуштање во продажба на овој албум на U2 започнува на 27 февруари во родната Ирска, додека остатокот од светот ќе го добие во дистрибуција на 3 март. А некој, уште денес :)