Премиерите на Словенија и Хрватска Борут Пахор и Иво Санадер ќе се сретнат денеска во словенечкото гратче Мокрице, за да разговараат за граничниот спор, кој го блокира продолжувањето на преговорите на Хрватска за членство во ЕУ, пренесе Франс прес.
На средбата на двајцата премиери ќе присуствуваат и министрите за надворешни работи Самуел Жбогар и Гордан Јандроковиќ.
Заради спорот со Хрватска за границата меѓу двете земји Словенија ги блокира преговорите на Хрватска за присоединување кон Европската унија, а односите им се обременети и од иницијативата на малата националистичка партија во Словенија да се свика референдум за приемот на Хрватска во НАТО, што може да го блокира присоединувањето на Загреб кон Алијансата на 3 април.
Еврокомесарот за проширување Оли Рен вчера ја поздрави средбата меѓу премиерите на Словенија и Хрватска.