-->

Адриана Лима како Ејми Вајнхаус

За магазинот Love, Адриана Лима позираше ’средена’ во стилот на Ејми Вајнхаус.



Адриана овие денови ја сними и интересната серија на фотографии за магазинот Love, позајмувајќи го имиџот од Ејми Вајнхаус. Со цигара во рака, фризура во Ејми стил, и нацртани тетоважи Адриана изгледаше апсолутно фантастично.

Исто така прекрасната Адриана Лима е главна ѕвезда на модните фотографии наречени Naked Ambition. Во заводлива долна облека Адриана Лима му позираше на фотографот Душан Рељин, големата ѕвезда на модната фотографија, за фотографиите за магазинот Elle.

Покрај снимањата, Адриана има полни раце работа со колешката Доутсен Кроес, за vintage колекцијата за долна облека на Victoria’s Secret. Девојките за таа цел ја посетија њујоршката продавница на Victoria’s Secret на Lexington авенијата.

 

Copyright © 2009 selotejp.com