-->

Микророботи ќе ги спасуваат човековите животи!

Четвртина милиметар мал робот со далечинско управување како подморница ке влезе во човековиот крвоток и ќе се движи со помош на мал мотор - е изумот на еден австралиски стручњак. Освен тоа што може да ја сними ситуацијата, кога ќе му се додаде специјален уред, тој може да го исчисти запушувањето на крвните садови. Тоа ќе спаси многу пациенти кои имаат закана од мозочен или срцев удар. Видео!


Хирурзите, благодарение на микроробот, полесно ќе пристапуваат до тешко достапните делови на човековото тело, каде порано не можел да допре ниту еден инструмент. Микророботот е уред на далечинско управување кој е голем само четвртина милиметар, но доволно моќен да се движи низ крвотокот благодарение на исклучително мало моторче.


'На планираниот микроробот ќе му се додаде посебен уред со кој ќе се чистат запуштените артерии. Истиот робот ќе зема примерок од некои клетки, посебно малигни, со цел да се направат дополнителни тестирања. Исто така на него може да се додаде микро камера преку која ќе може да се види внатрешноста на крвните садови', рекол професорот James Friend од Универзитетот во Мелбурн.


Роботот се вметнува во крвотокот преку користење на магнетно поле или радиобран, и тој по безжичен пат ќе биде напојуван со енергија. 'Опашката' долга половина милиметар ја движи бактеријата ешерихија цоли која успешно ќе го пробива низ човековиот организам.

Хирурзите константно ризикуваат со цефчиња или други инструменти кои може да ги оштетат крвните садови, затоа овој микроробот ќе им дојде како 'кец на десетка'. Ќе дојдат до некои некои делови од човековиот организам каде порано било 'научна фантастика'.


 

Copyright © 2009 selotejp.com