Уредниците на светските модни магазини буквално полудеа по преубавата ѕвезда на "Slumdog Millionaire", 24 годишната Фреида Пинто.
Прекрасната индиска актерка која се прослави со улогата на Латика во со Оскар наградениот "Slumdog Millionaire" се појави на насловната страна на најрелевантниот светски моден магазин Vogue, a нејзини фотографии во секси пин-ап издание објави и Vanity Fair.
Со својот непретенциозен стил и вонсериската убавина благодарение на која неколку години работела и како модел, Греида со вртоглава брзина стана миленичка на модните уредници ширум светот. Магазинот Elle веќе ја награди прогласувајќи ја за актерка на годината на Elle Style Awards.