-->

Кратковиден фармер го запалил фрижидерот наместо каминот

Еден кратковиден старец од Автрија за малку да ја изгори куќата до темел. Заради неговиот проблем со видот не забележал дека наместо каминот, дрвата ги пали во фрижидерот.

На Адолф Мајер (87) од Тирола, Австрија, му пристудело. Не забележал дека го оставил отворен фрижидерот. Тој одлучил да го запали каминот, кој се наоѓал веднаш до фрижидерот. Наместо во каминот, дрвата ги поставил во фрижидерот и ги запалил. Но за среќа го почувствувал чадот и знаел дека нешто не е во ред, па ги повикал пожарникарите, на кои им раскажал што се случило, и им ветил дека ќе се купи подобри очила.

“Ги ставив дрвата како и обично, и мислев дека се е во ред. Тогаш го осетив чадот. Барем знам зашто ми било ладно, не сум го затворил фрижидерот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com