Финансиската криза и продлабочувањето на рецесијата го погодуваат дури и милијардерот Бил Гејтс бидејќи вредноста на неговите инвестиции во четвртиот квартал од минатата година е намелена за три милијарди долари, или речиси за 20 отсто, како последица на падот на вредноста на акциите. Инвестициите на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс се намалени за 19 отсто, на 9,07 милијарди долари, а инвестиците на фирмата на Гејтс „Каскејд инвестментс“ за 18 отсто, на 4,02 милијади долари, пренесоа агенциите. Фондацијата го зголемила својот удел во компанијата „Мекдоналдс“ , најголемит светски синџир на ресторани за брза храна, на 6,4 милиони акции на крајот на декември, од 4,9 милиони акции од крајот на септември. Истовремено, Фондацијата го зголеми и уделот во „Кока Кола“ на 5,7 милиони акции, од 2,7 милиони, како и во групацијата „ Автонејшн“ која тргува со автомобили, на 10,2 милиони акции од 7,7 милиони. |
Економската криза го погоди и Бил Гејтс
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)