-->

Тетоважа за здравје

Дијабетичарите од сега нивото на шеќер во крвта ќе можат да го следат преку своите тетоважи. Научниците развија мастило за тетовирање кое ја менува бојата во зависност од нивото на глукоза во организмот, а практичната примена кај луѓето се очекува за две години.

Мастилото е развиено со цел да се следи нивото на електролити во крвта на спортистите, но бидејќи ова се покажало како прекомплицирано, лабораторијата Draper од Масачусетс ја пренамени неговата функција.

Честичките на мастилото се сфери со дијаметар од 120 нанометри, а во сферата се наоѓаат три елементи: модул за детекција на глукоза, мастило кое менува боја и молекул која емитира глукоза.

Кога модулот за детекција ќе се приближи до површината, се врзува за молекулите на глукоза во крвта, па во тој случај мастилото пожолтува - а доколку станува збор за лажна глукоза, бојата на тетоважата станува виолетова. При оптимално ниво на глукоза во крвта, бојата на тетоважата ќе биде портокалова.

Процесот се повторува секои неколку секунди. Резултатите доцнат и до 20 минути, но од промената на бојата секако дека може да се заклучи дали нивото на глукоза во организмот расте или опаѓа.

"Тетоважата не мора да биде голема за да е ефикасна. Доволно е да има големина од неколку милиметри, а мастилото не мора да се наоѓа длабоко во кожата, како кај вистинските тетоважи", изјави Хедер Клард, раководителка на проектот.

Тестирањето на мастилото кај глувците покажало ефикасност, но до употребата на оваа техника кај луѓето ќе поминат сигурно две години.

 

Copyright © 2009 selotejp.com