-->

Дали мистеријата за исчезнатата Атлантида е конечно решена?

Благодарејќи на Google Earth можеби конечно е откриена локацијата на потонатата Атлантида. Имено, во Атлантскиот океан е откриен облик кој би можел да одговара на одамна изгубената цивилизација за која некои веруваат дека е сепак мит.



Линиите, премногу организирани да би можеле да настанат по природен пат, имаат изглед како мапа на пространа престолнина, се откриени со помош на сателитски снимки и резултатите на подводните истражувачи, а можноста за неверојатното откритие ги счудоневидело и океанографите и геофизичарите.

Атлантида за чија цивилизација пишуваше и нејзиното постоење го сугерираше Платон, според сателитската снимка је сместена на околу 997 км од западниот брег на Африка недалеку од Канарските острови.



Платон верувал дека островската цивилизација потонала заради чести потреси и поплави некаде во периодот од 9.700 - та до 12.000 – та година пред Христос.

Dr. Charles Orser, од Универзитетот во Њујорк, еден од водечките светски експерти за Атлантида, откритието го нарекол ’фантастично’.

Местото е толку интересно, што ако се претпостави дека примерокот е природен, сепак ќе биде навистина интересно за проучување.- изјавил Orser.

Google Ocean, екстензијата која им дозволува на корисниците на Google Earth да го истражуваат океанот беше лансирана на почетокот на оваа година. Лагендата за Атлантида ја предизвикува имагинацијата со векови, Платон ја опишал како богата земја „поголема од Либија и Азија заедно“ со напредна цивилизација и природна убавина која била уништена од земјотреси и поплави пред 9.000 години.




 

Copyright © 2009 selotejp.com