-->

Пчели деминери

Паралелно со американските разузнавачи, тим од агрономскиот факултет во Загреб веќе неколку години тренира пчели до намера да ги "специјализира" за пронаоѓање на мински полиња.

Тимот на проф. Д-р Никола Кезиќ од загребскиот Агрономски факултет веќе неколку години ја истражува можноста за тренирање на автохтони медоносни пчели за откривање мини.

"Пчелите можат да го почувствуваат мирисот на TНТ (тринитротолуол), а со порцес на дресура можат да започнат да го поврзуваат со храната, со својот омилен сируп, па така и ќе се однесуваат во природа. Кога ќе го препознаат мирисот на ТНТ на тие локации ќе се задржат подолго отколку вообичаеното, во потрага по шеќерниот сируп", соопшти професорот Кезиќ.

"Пред да ги пратиме во природа ги изложуваме на радијација, па после со пратење на нивните инфрацрвени полиња може да добиеме прилично добра сугестија за местата кои имаат мини. Нормално, пчелите нема точно да ни покажат каде се наоѓаат мините, но ќе ни го лоцираат минското поле", додаде Д-р Кезиќ, кој своите пчели веќе ги тестираше на минските полиња покрај Бенковац и Шкабрње во Хрватска.

 

Copyright © 2009 selotejp.com