Лиса планира да направи липосукција, вградување на силикони во градите, подигнување на образите, неколку операции на кожата и избелување на забите. Парите потребни за операции и ги обезбедила нејзината мајка која ги чувала за свадба на ќерка си но во случајот сака да и ја исполни последната желба на ќерка си.
“Воопшто не сакам Лиса да поминува низ сето тоа, таа е преубава и не и се потребни никакви операции. Ми беше тешко да ја прифатам нејзината желба но таа ми е ќерка и сакам да ја направам среќна барем во овој период од животот кој и преостана“ изјавила мајката на Лиса.
“Отсекогаш сум сакала да изгледам како Деми Мур и таква сакам да умрам“ тврди Лиса која не наишла на поддршка од околината. Лиса е уверена дека естетските операции ќе и ги разубават последните неколку месеци од животот.
Младата Британка во 27-та година дознала дека боледува од тежок тумор на мозокот кој не може да се излечи. Страшната дијагноза и била утврдена откако Лиса имала спонтан абортус по што следеле силни болки во главата и слепило на левото око. На почетокот на можела да се помири со тешката болест па дури и се обидела да се самоубие.
Сега сака само да почине убава и задоволна а освен тоа планира пред смртта да собере милион фунти кои ќе ги донира за борба против ракот.
“Ако во тоа успеам ќе умрам како среќна жена. Среќна и задоволна“ изјавила Лиса.