-->

Најневеројатни ресторани

Постојат ресторани во светот, кои на барање на муштериите, нудат многу повеќе од добра храна и брза услуга. Така може да се вечера во тоалет, потоа на маса подигната во висина повеќе од 40 метри, или потполно во мрак.



Ресторанот “Маратон Тим“ во Тајван е уреден “во стилот на тоалет“ и претставува голем хит меѓу локалното население и туристите. Декориране како и секој обичен тоалет. Храната се служи со тањири во облик на писоари и “чучавци“ на маси направени од кади и прекриени со стаклена површина. Ресторанот го добил името по кинескиот збор “матонг“ што значи тоалет. Сопственикот на ресторанот рекол дека во неговиот угостителски објек не с епродава само храна туку и осмех.



Ресторанот “Најотамоти“ во јапонија во буквален превод значи “чинија од женско тело“, па не е ни чудно што го викаат “ресторан канибал“. Тука ќе бидете послужени со суши, и други јадења во вид на човечко тело, сместено на операциона маса, како во болница. Задача на муштериите е да го “исечат телото и да ја изедат внатрешноста“ Телото ќе “крвари“ додека го сечете, а цревата и другите органи во целост можат да се јадат.



“Вечера на небо“ во Брисел е ресторан кој може да послужи најмногу 22 лица и тоа на 45 метри висина. Столобвите и масите се специјално дизанјнирани и се подигаат во воздух до дигалка. Само немојте да заборавите да го врзете појасот а ни случајно немојте да ја испуштите виљушката.



Првиот “мрачен“ ресторан во Азија е отворен во декември 2006 година во Пекинг. Внатрешноста на објектот е во целот обоен во црно, а муштериите се пречекувани од конобари со наочари за ноќен вид кои ги спроведуваат до мрачните простории. Батериски лампи, мобилни телефони, дури и часовници кој света се строго забранети. Доколку се прашувате како ќе го употребувате тоалетот, нема причина за грижа бидејќи овие простории се осветелни.



“Љу Лаки Ресторан“ во индија е прочуен по својот чај со млеко, кифли и гробовите меѓу масите. Објектот е изграден над дрвени, затворени муслимански граобишта, но не се знае кој е закопан во малите кофчези на подот на ресторанот. На муштериите им се допаѓа околината, а сопственикот смета дека тоа е довоно.

Тој смета дека гробиштата се добра среќа. Гробиштата се офарбани зелениа менаџерот на ресторанот секој ден става ново цвеќе на гробовите.



“Затвор“ е ресторан кој е сместен во добро чуваниот италијански затвор во Волтери, близу до Пиза, и толку е популарен што тука се отвориле повеќе вакви објекти.

Со звуци од пијано на кој свири Бруно, осуден на доживотна робија поради убиство, муштериите вечераат опкружени со ѕидови високи околу 20 метри, стржарски кули, рефлектори и сигурносни камери.



Првиот подводен ресторан на светот е отворен на Малдиви во 2007 година. Се вика “Ита“ што значи бесер и се наоѓа на 5 метри под површината на Индиски океан.

Во вениот ресторан во Либан, обилкот на лебот е како проектил, компирот како граната, а куварите носат шлемови. Доволно зборува мотото на ресторанот “Сендвичот може да ве убие“.

 

Copyright © 2009 selotejp.com