По "Slumdog Millionaire", ќе следи ли уште еден филм базиран на едно реално шоу? Ѕвездата на трилерот "Кога јагнињата ќе стивнат" Ентони Хопкинс е толку луд за натпреварувањето во пеење "Американски идол" што сака да создаде филм според него во кој тој ќе ја има главната улога - суровиот член на жирито.
Поточно, Хопкинс сака да ја толкува улогата на Сајмон Кауел, кој поради својата брутална искреност го доби прекарот "Mr.Nasty".
"Мојата фамилија и јас сме зависници од шоуто. Сајмон ми е најдрагиот лик бидејќи е брутално искрен. Кај него нема политичка коректност. Тој кажува што и како е навистина", изјави познатиот актер.
Се чини дека многу скоро Хопкинс би можел да добие и прилика да ја реализира својата идеја, бидејќи концептот на филм според познато реалити шоу му се допаднала на неговиот пријател, продуцентот Ренди Џексон.