При археолошките ископувања кај Мурсија, во југоисточниот дел од земјата, е откриена најголемата праисториска гробница во Шпанија. Археолошкото наоѓалиште Камино дел Молино содржи остатоци од најмалку 1.300 лица погребани помеѓу 2.400 и 1950 година пред новата ера.
Регионалниот советник за култура и туризам Педро Алберто Крус наведе дека тоа е шпанска праисториска гробница на која се пронајдени најголем број човечки остатоци.
„Откривањето на гробницата ќе овозможи по прв пат да се проучи комплетната популација на некој праисториски локалитет со такви димензии и да се одговорат прашањата околу староста и времето на смртта, патологијата, болестите, навиките и исхраната на секој жител“, се додава во соопштението од регионалната влада.