-->

Во мозокот е лоциран центарот за љубомора


Делот од мозокот кој се активира кога сме љубоморни конечно е лоциран. Интересно е што малото зелено чудовиште кое не јаде кога чувствуваме завист заради туѓиот успех, се наоѓа во делот на мозокот кој е одговорен и за телесни болки.

“Делот од мозокот кој ги детектира телесните болки е поврзан и со психичката болест.“- изјавил Hidehiko Takahashi, кој го водел ова истражување, додавајќи дека токму тоа е одговор и на прашањето зашто љубомората толку многу не боли.

Во експериментот учествувале 19 студенти кои одговарале на прашања за луѓето поуспешни од себе и оние на кои им завидуваат. Целото тоа време биле забележувани активности во нивниот мозок.

“Во предниот дел на мозокот се засилуваа активностите кога студентите чувствуваа љубомора.“- изјавуваат научниците.

Освен ова, испитаниците требале да читаат приказни во кои на нивните соперници им се случило нешто лошо, вклучувајќи и труење со храна. За време на читањето на приказната, им се активирал оној дел од мозокот кој инаку се активира кога луѓето добиваат награда или признание.

Сто значи дека, несреќата на нивните соперници кај нив предизвикала задоволство. Овие откритија многу ќе им помогнат на психијатарите и психолозите.


 

Copyright © 2009 selotejp.com