
Според сведоците, публиката и изведувачите мислеле дека падот е дел од нејзината изведба, но откако не станала, сфатиле дека се работи за нешто сериозно. Присутните веднаш повикале брза помош, а посетителите биле замолени да ја напуштаат претставата, пренесуваат руските медиуми.
“Веднаш ја однесоа во болница, но докторите не можеле да и помогнат и таа починала.“- пренесува Russia Today.
Олга имала слабо срце, а еден студент изјавил дека таа почнала да не се чувствува добро уште за време на пробата, и дури имала зголемена температура. За нејзината смрт ќе биде покрената истрага.
“Досега не е забележано ништо криминално. Девојката имала застој на срцето.“- изјавил извор.