-->

Годинава потешко до кредит

Лошата состојба во банките од западните земји полека ќе се пренесува во Македонија, мерките на НБМ дополнително ќе го запрат кредитирањето, велат банкарите.

2009 ќе биде потешка, а многу е веројатно дека и каматите ќе бидат високи. Оваа година ќе биде потешка за кредитирање.

Засега, банкарите тврдат дека се уште даваат кредити под исти услови како и лани, но исто така велат дека се претпазливи. Кредити добиваат само добрите плаќачи.

Засега, банкарскиот сектор во Македонија е стабилен. Намалувањето на денарските депозити во јануари, според банкарите, не е ништо страшно посебно затоа што веќе во овој месец состојбата се подобрува.

 

Copyright © 2009 selotejp.com