Оваа земја прво размислувала да го бојкотира натпреварот во рускиот главен град поради минатогодишната војна со Русија, но наместо тоа одлучиле да ја искористат можноста за испраќање на политичка порака.
Песната на групата Стефан и 3Г е всушност игра со зборови каде како главен збор се јавува презимето на рускиот премиер. Безобразните стихови на рефренот тешко дека ќе наидат на топол прием во Москва, пренесуваат светските агенции.