-->

Економската криза ги откри валканите игри на инвестиционата елита

По скандалот со Вол Стрит инвеститорот Берни Мејдоф, обвинет за измама тешка 50 милијарди долари, уште еден доскоро угледен милијардер е осомничен за криминал.

Инвестицискиот банкар Сер Ален Стенфорд своите клиенти ги олеснил за 8 милијарди долари во пирамидално штедење преку неговата офшор банка во Антигва. Продавал сертификати на депозит кои ветувале фантастична добивка.

- Луѓето многу сакаат да вложуваат кај измамници како Мејдоф и Стендфорд затоа што тоа им дава чувство дека припаѓаат на ексклузивен клуб. Луѓе буквално се тепаа за да инвестираат кај Мејдоф, вели аналитичарот Сем Вакнин.

Како и Мејдоф, Стенфорд е разоткриен кога големата маса клиенти побара инвестициите во виртуелни пари да си ги повлече во кеш.

- Кога цените на акциите и недвижностите одат неуморно нагоре луѓето стануваат се поалчни и развиваат нешто што го нарекуваме апетит а ризик. Не веруваат дека ќе загубат и дури позајмуваат пари за да вложуваат. Тука настапуваат изманиците како Стенфорд, вели Вакнин.

Стенфорд вниманието на американската Комисија за хартии од вредност релативно доцна го разбуди, а кај Мејдоф задоцни цели триесет години.

Проблемот, според Вакнин, е што не постои меѓународен регулатор на финансискиот пазар. Економската криза најверојатно ќе го изроди.

Уште еден поголем проблем е што дури и американската влада ги црпи парите по сличен пирамидален систем, тврди Вакнин.

 

Copyright © 2009 selotejp.com