-->

Видео: Водителска шлаканица заради фаќање гради


Германскиот водител прво непријатно ја изненади колешката фаќајќи ја за градите, среде тв пренос во живо, за потоа таа да му врати со една експресна шлаканица. Погледнете!

Ханс Бломберг ја шокираше колешката Сусанка Берсин фаќајќи ја за градите за време на прогласување на резултатите на еден музички фестивал. 31-годишниот водител во еден момент рече: ’Но двата најубави бодови остануваат со мене’ и потоа ја фати колешката за градите.

Сусанка Берсин реагираше експресно и го шлакна водителот на Bundesvision Song Contest пред милионската тв публика.

Матичната телевизиска куќа Pro 7 издаде соопштение според кое Бломберг нема да биде отпуштен, иако неговата шефица Карстен Крегер изјави дека водителот отишол предалеку.

Но, дека Бломберг е спремен да оди уште подалеку од тоа сведочи неговата последна изјава: ’Вистински скандал е што ме шлакна, а не што ја фатив за гради’.

 

Copyright © 2009 selotejp.com