-->

Со новиот договор Бенитез нема право на трансфери!!!


Со новиот договор што треба да го потпише Бенитез, американските сопственици му го скратуваат правото на слободни трансфери.

Според The Independent, менаџерот на Ливерпул, Рафа Бенитез ќе потпише нов договор, но ќе нема право да одлучува за трансферите.

48-годишниот страгег бараше да може сам да одлучува кој играч ќе го купи и за колку пари, но сопствениците Џилет и Хикс не му го ставија тоа право во новиот договор.

Американското дуо смета дека Бенитез не знае најдобро да работи со финансиите и да средува трансфери по огромните 18 милиони фунти за Герет Бери.

Дали Шпанецот ќе го прифати овој договор и ќе остане во Ливерпул останува да видиме, но во врска со оваа клаузула тој изјави:

„Доколку имате на располагање 20 милиони, можете да купите четири играчи од по 5 милиони или еден од 15 и еден од 5.

„Кој знае како парите треба да бидат потрошени? Една личност, менаџерот, бидејќи тој знае што му треба на тимот. Кој ја знае вредноста на играчот? Повоторно менаџерот.“

 

Copyright © 2009 selotejp.com