-->

А модните Оскари ги добиваат...

Ен Хетвеј беше најелегантна во нејзиниот Armani Prive, а конкурентките Џоли и Анистон играа на сигурна карта, додека Сара Џесика Паркер заслужи Оскар за деколте на годината.



Жестоката конкуренција владееше на црвениот килим и на 81 доделување на Оскар наградите, кои се одржаа синоќа во Лос Анџелес. Сите очи беа вперени во Анџелина Џоли и Џенифер Анистон – двете најжестоки конкурентки, кои успешно се избегнуваа на црвениот килим а и околу него, и од кои, барем во модна смисла, се очекуваше многу. Но, ниту едната нити другата не изненадија посебно. На нивните креации не може да се најде маана, но, и двете играле на сигурно облекувајќи фустани во кои како веќе да сме ги виделе. Енџи се држеше до својата омилена црна боја, облекувајќи Elie Saab Couture, додека Џен се одлучила за тесна бела креација на Valentina испрскана со кристали.



Иако не освои Оскар, младата актерка Ен Хетвеј уште еднаш го потврди својот статус на нова модна икона. Грациозната Ен носеше тоалета на Armani Prive, и според сите критичари го заслужи Оскарот за најдобро облечена жена на црвениот тепих. Зад неа многу не заостануваше ни Пенелопе Круз во vintage Pierre Balmaini, а прекрасна креација одбрала и победничката Кејт Винслент, која на доделувањето прошета во црно – сивиот Yves Saint Laurent. Прекрасна беше и Ева Рајчел Вуд во креација на Elie Saab, потврдувајќи го својот исклучителен осет за стил во навистина елегантна тесна беж креација.



Потполно поинаква од сите останати, сосема очекувано беше британската актерка Тилда Свилтон. Жена чиј стил или го обожавате или го мразите, беше во беж – црн Lavin, и уште еднаш докажа дека не планира да обраќа внимание на холивудскиот гламур и блескавост. За разлика од децентната Тилда, Сара Џесика Паркер зафати пола црвен килим со својот Dior фустан. А нејзиното деколте беше дефинитивно ’најистурено’.



Иако на овогодишниот Оскар триумфираа белите и беж тоалети, имаше и такви кои ги одбрале креациите во доста модерната индиго боја, меѓу кои и Рис Витерспун, Марион Котилард и Фрида Пинто.



Дамите во црвено беа Ејми Адамс и Хајди Клум, чиј фустан не беше најсреќниот избор, додека во нежно виолетова на килимот продефилираа Натали Портман и пејачката Алиша Кис.





 

Copyright © 2009 selotejp.com