Жените кои дневно пијат две или повеќе лименки со газирани пијалоци имаат значително зголемен ризик од бубрежни заболувања, тврди најновата студија.
Научниците анализираа примероци од урината и прехрамбените навики на речиси 10.000 испитаници. Се покажало дека жените кои конзумирале најмалку две лименки со газирани пијалоци на ден имаат зголемено ниво на белковините на албуминот во урината, што е еден од раните показатели за некакви оштетувања на бубрезите.
Научниците засега не се сигурни за точниот предизвикувач на оштетувањата на овие органи, но интересно е тоа што слични резултати кај машкиот пол - не се забележани.