"Не сте виделе што е војна, додека низ свои очи не ви покаже Квентин Тарантино", вели првиот официјален форшпан за "Inglorious Basterds" со Пит во улога на истребувач на нацисти.
Во долгоочекуваниот нов филм на Квентин Тарантино, Бред Пит го глуми полковникот Алдо Реин, кој има една единствена цел - во текот на Втората светска војна со неговата група војници да се уфрлат во окупираната франција и да го убијат секој нацист кој ќе им се најде на патот.
На обожавателите на Тарантино и во овој филм нема да им недостасуваат експлозии, крв, немилосрдни ликвидации, а тука е и Пит со јужњачкиот акцент.
Честа да го видат прв ќе ја имаат оние од филмскиот фестивал во Кан, а останатите ќе мораат да причекаат до август, кога започнува официјалната кинодистрибуција.