12 – годишниот Reece Pitman прво чул необично свирење, а потоа видел некој сенка како струи кон оградата од скалите кои водат кон приземјето на семејната куќа. Момчето се преплашило и додека и ја покажувал снимката на својата мајка се тресел од страв.
“ Reece изгледаше неразумно и исплашено.“ - изјавила неговата мајка за лондонскиот Sun.
На снимката се гледа бела сенка кој излегува од спалната, а потоа се појавува темна сенка на маж, која ја снемува кога тој ќе се приближи кон оградата од скалите.
’Сенката’ за прв пат се појавила во нивниот дом неколку дена откако двегодишната сестра на Reece се пожалила дека некој навечер и ја сложува сложувалката.
Мајката Tonia, е вработена како асистента за продажба, се консултирала со видовито лице кое и рекло дека можеби станува збор за пријателски настроен дух.
“Во последно време ми е навистина тешко заради тоа што сопругот ме напушти. Не верував во духови, но овој го доживувам како ангел чувар.“- изјавила Tonia.
Julian Banks од британското друштво за паранормална појави напомнале дека станува збор за најдобра снимка на дух во последниве неколку години.