Спасувачките екипи ги евакуирале сите 18 патници и членовите на екипажот на хеликоптерот, кој се урнал во Северно море кај брегот на Шкотска, соопштила крајбрежната стража.
Портпаролката на службата потврдила дека сите спасени биле на безбедно.
Хеликоптерот “Супер пума“ се урнал на околу 190 километри од пристанишниот град Абердин, додека летал кон нафтена платформа, соопштила претставничката за печат на британското министерство за одбрана, пренесува Ројтерс.