-->

Мажите се од Марс, а жените од Венера

Дека жените се од Венера, а жените од Марс, научниците одлучија да потврдат уште еднаш. Во најновото истражување е заклучено дека мажите и жените различно ја доживуваат уметноста. Жените го користат целиот мозок, додека мажите ја користат само десната страна за време на набљудување на убаво или грдо.

Користејќи технологија со магнетоенцефалографија со помош на која ги следеле активностите на мозокот на 20 испитаници, додека тие набљудувале убави или грди фотографии од градови, научниците заклучиле јасни полови разлики.

Жените за време на набљудувањето ан убавите уметнички дела го користат целиот мозок, а мажите во главно ја користат само десната страна, тврди тим на научници од факултетот во Калифорнија.

Нивниот заклучок е дека на ваквата разлика влијаел различниот развој на машкиот и женскиот мозок. Додека мажите се фокусирале на целосната слика, жените големо влијание има давале и на деталите.

Експертите тврдат дека жените информациите кои ги примаат ги ставаат во контекст и размислуваат повеќе за деталите на она што го гледаат и ги проценуваат објектите во однос на она што ги опкружува, за разлика од нив мажите се фокусираат на целата слика.

Ова разлика не се случила неодамна, се претпоставува дека се развивало уште пред неколку милиони години уште кога луѓето започнале да се занимаваат со лов. Додека мажите ловеле, за што им вила потребна добра координација жените се занимавале со собирање на плодови. Тие на тој начин станале свесни за најситните детали кои ги опкружувале.

Разликите се очигледни и ден денес, мажите во поголем број на случаи ги надминуваат жените во снаоѓањето во просторот.

 

Copyright © 2009 selotejp.com