-->

Груевски и Рикер ќе потпишат соработка за Фулбрајт програмата

Премиерот Никола Груевски и амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер денеска попладне во Владата ќе потпишат писмо за соработка во рамките на Фулбрајт програмата за посета на студенти и научни работници.

Фулбрајт е програма на владата на САД за меѓународна образовна размена, a е спонзорирана од Канцеларијата за образовни и културни работи на Стејт Департментот.

Преку Фулбрајт програмата се доделуваат грантови наменети за граѓаните на САД и државјани на други земји за различни видови образовни активности, основна универзитетска настава, напредно истражување, дипломски студии и предавање во основните и средните училишта.

Фулбрајт програмата за посета на студенти и научни работници доделува стипендии на студенти, асистенти, професори, уметници, истражувачи, со цел продлабочување на нивното професионално образование.

 

Copyright © 2009 selotejp.com